22:14 - 5 април, 2026

Интимна приказна на Ване Маркоски, многумина се изненадија

Интимна приказна од својот живот раскажа водителот Ване Маркоски, поврзан со многу непријатна случка.
-Кога бев мал, поголем дел од детството го поминував кај дедо ми и баба ми на село. Дедо ми имаше голем овоштарник со јаболка. Беше петок, се сеќавам по тоа дека за викенд одев често кај нив.
6 одделение бев тогаш. Се пожалив за проблем со булинг што го имав на училиште. Ме ислуша и само ми кажа една реченица од оние кои ти се складираат во некоја ќелија од мозокот до крај на животот:
“Ќе дувне поголем ветер и скапаните јаболка сами ќе паднат од дрвото”. Тогаш тоа не го разбирав, ама, ете сум го запомнил, па изминатава 2025 година често ми се вртеше низ глава, поради разно разни ситуации, па затоа сега и ја сфаќам суштината.
Еве вака сакам да ви ја честитам Новата 2026 година, со желба да попаѓаат многу скапани јаболка од секоја ваша гранка, за да не ви тежат во следниве 365 дена- напиша на фејсбук водителот кој во моментов одмара во Хургада во Египет.
Многумина на фејсбук се изненадија од оваа објава, и многумина го поддржа познатиот водител со свои искуства.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....