6.8 C
Скопје
02:48 - 31 март, 2026

(Фото) „Имам ужасни болки“: Дракче откри какви биле последните денови на Бади Бекир

Какви биле последните денови на пејачката Бади Бекир која почина вчера во Скопје, откри Драгица Стевковска-Дракче, нашата позната водителка, пријателка на Бади.
„Прекрасна моја Небахад Бади Бекир имавме многу заеднички дружења и нашата енергија беше посебна.. Последен пат се слушнавме и ти реков биди јака и бори се. Ми рече, се борам мила но имам ужасни болки.
Нека ти е вечен мир, во небесата без болки. Смеј се и пеј зошто тоа многу ти прилегаше. Почивај во мир драга“, напиша Дракче.
Фото / Фејсбук
Бади Бекир почина вчера во Скопје по борба со тешка болест. Бади беше една од најпочитуваните пејачки на македонска народна музика.
Покрај соло кариерата, таа настапуваше со групата наречена „Четири грации“, каде покрај неа беа и Благица Павловска, Андријана Алачки и Росана Сариќ- Тодоровска.
Ја нарекуваа и македонската Весна Змијанац.

Бади Бекир снимаше народни песни на македонски, турски и албански јазик и повеќепати беше на турнеја низ поранешна Југославија. По распадот на Југославија најмногу пееше македонски народни песни. Во 2002 година, таа со уште неколку колеги имаше турнеја во Австралија.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....