7.8 C
Скопје
15:30 - 22 декември, 2024

Холивуд се простува од Кирсти Ели: Од Џејми Ли Кертис до Џон Траволта – „Светот е празен без тебе“

Кирсти Ели, најпозната по улогата во хумористичната серија „Кафулето Наздравје“ од 1980-тите и 90-тите години, почина од рак на 71-годишна возраст, соопшти семејството.

Цел Холивуд се збогува со починатата актерка.

Џон Траволта прв објави фотографија од нејзини помлади денови на Инстаграм.

– Кирсти беше една од најпосебните врски што сум ги имала. Те сакам, Кирсти. Знам дека повторно ќе се видиме – напиша Траволта.

Траволта и Ели глумеа заедно во хит филмот од 1989 година, „Види кој зборува“. Тие никогаш не криеле дека пријателството меѓу нив е посебно и дека беа многу повеќе од колеги на снимањето.

– За малку ќе избегав и ќе се омажив за Џон. Го сакав. Сè уште го сакам. Да не бев мажена, ќе одев и ќе се омажев за него – изјавила Кирсти во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Актерот Келси Грамер изјави за списанието People по веста за нејзината смрт:

– Отсекогаш верував дека тагата за јавна личност е приватна работа, но ќе кажам дека ја сакав.

Колегата на Кирсти од серијата „Кафуле Наздравје“ Тед Дансон раскажа како во авионот гледал епизода од таа серија, а потоа слушнал дека неговата колешка починала.

– Денеска направив нешто во авион што ретко го правам. Гледав една стара епизода од „Кафулето Наздравје“. Тоа беше епизодата во која Том Беренгер ја запроси Кирсти, која постојано вели не иако очајно сака да каже да. Кирсти беше навистина брилијантна во таа епизода. Нејзината способност да глуми жена на работ на нервен слом беше и трогателна и хистерично смешна, рече тој, а потоа додаде:

– Ме насмеа пред 30 години кога ја снимаше таа сцена, а исто толку ме насмеа и денес. Кога се симнував од авионот слушнав дека Кирсти починала. Многу сум тажен и многу благодарен за сите моменти кога ме насмеа. Ја испраќам мојата љубов на нејзините деца. Како што добро знаат, нивната мајка имаше златно срце, ќе ми недостига.

Реа Перлман која ја играше Карла во серијата „Кафулето Наздравје“, вели дека Кирсти била единствена и прекрасна личност и пријателка.

– Станавме пријатели речиси во истиот момент кога таа се приклучи на екипата на серијата. Таа сакаше деца, а моите деца ја сакаа неа. Спиевме кај неа дома. Таа организираше лов на богатство, забави за Ноќта на вештерките и Велигден и ја покани целата актерска екипа и нивните семејства. Таа сакаше сите да се чувствуваат вклучени. Благодарна сум што ја познавав. „Многу ќе ми недостига“, изјави Перлман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis)

Џејми Ли Кертис работеше со Ели на серијата „Scream Queens“.

– Само што ја слушнав тажната вест дека Кирсти Ели почина. Таа беше одличен комичар во „Scream Queens“ и прекрасна мајка во нејзиниот реален живот. Една година за Божиќ таа ми помогна да купам комбинезони за моето семејство. Се договоривме да не се согласуваме за некои работи, но имавме меѓусебно почитување и поврзаност – напиша Џејми на Инстаграм.

Стив Гутенберг сподели интересна анегдота со починатата актерка.

– Кирсти ме пречека во нејзината куќа со сендвич со туна со мојот омилен леб. „Стив, знам се за тебе и за твојата љубов кон ‘ржаниот леб. Јади малку туна. Ме воодушевуваше секој ден со нејзината дарежливост. Светот е празен без Кирсти – напиша тој.

Од починатата актерка се простија и Тим Ален, Кристин Ченовет , Мегин Кели , Тејлор Лотнер, Валери Бертинели, Скот Бајо.

 

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....