8.8 C
Скопје
22:33 - 13 март, 2026

Холандија воведува бесплатни креми за сончање, дерматолог предлага да се искористат дозерите од пандемијата

Најдобрата превенција од рак на кожата предизвикан од изгореници секако дека се кремите за заштита од сонце.

Посебно е важно да се заштитат децата и да се создаде навика да се грижат за нивната кожа исто како што се грижат за миењето на забите, велат од клиниката Северно Море, од каде започна иницијатива по која Владата на Холандија донесе мерка според која на граѓаните во текот на летото ќе им обезбеди можност бесплатно да нанесуваат крема за заштита од сонце на бројни локации во градовите. Оваа мерка е пречекана со воодушевување.

Граѓаните на Холандија оваа сезона ќе добијат бесплатни креми за сончање со цел да се намали рекордниот број заболени од рак на кожа во оваа земја.

„Дозерите со производи за заштита на кожата од сонце ќе се нудат во текот на летото во училиштата, универзитетите, фестивалите, парковите, спортските настани и урбаните средини, објави холандската влада. Политичарите велат дека целта на оваа мерка е да се прошири свеста за важноста на заштитата на кожата за време на летото и желбата да се направи што е можно подостапна за пошироката популација, која повеќе нема да има изговор дека е скапа или тешка за купување“, пренесува порталот Т.

Оваа идеја ја предложи дерматолог, кој предложи точење средства за дезинфекција на раце кои се користеа за време на пандемијата едноставно да се пренаменат за оваа намена, што ќе ги охрабри граѓаните да го направат нанесувањето крема за сончање секојдневна навика. Докажано е дека кремите за сончање се најдобрата превенција од рак на кожата предизвикан од изгореници.

Научниците тврдат дека инвестирањето во оваа мерка долгорочно ќе ги намали трошоците што ги бара значително зголемениот број на заболени од рак на кожа во последните години, со тенденција на зголемување во наредните години во кои се предвидуваат лета со зголемени температури и УВ зрачење.

Слични објави

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо

Нивес Целзијус откри дали била љубовница на поранешен „Ватрен“: „Во приказната беше вмешана и една Северина“

Е.А.
Се вчитува....