8.8 C
Скопје
22:52 - 22 март, 2026

Фута не дозволил обдукција: Посмртните останки на Лаќа стигнаа во Србија, не се знае датумот на погребот

Телото на синот на Марина Марина и Александар Радуловиќ Фута, Милан Лаќа Радуловиќ, познат текстописец кој беше пронајден мртов на улица во Израел, утрово со авион преку Истанбул стигна во Србија, пренесуваат српските медиуми.

Како што дознава „Блиц“, таткото на Лаќа, Александар Радуловиќ Фута не сакал обдукција, а датумот на погребот се уште не е познат.

За потсетување, Милан Лаќа Радуловиќ е син на познатата текстописец Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Радуловиќ Фута, и самиот одличен текстописец, а роден во 1986 година. Лаќа тргна по стапките на мајка си, па напиша текстови на песни за многу балкански познати личности. Неговиот живот го одбележаа две трагедии, смртта на неговиот брат Милош во 2008 година и смртта на неговата мајка Марина Туцаковиќ.

Фута не верува дека Лаќа се предозирал: Сомнително е што не му го нашле ранецот, сигурно е убиен во најозогласената населба во Израел

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....