5.8 C
Скопје
03:03 - 31 март, 2026

Фронтменот на „Секс пистолс“ во голема тага се прости од својата сопруга – Нора беше инспирација и за една негова песна

Сопругата на Џон Лидон, Нора Форстер, почина на 80-годишна возраст. Тажната вест на својот профил на Твитер ја објави поранешниот фронтмен на „Секс пистолс“.

„Почивај во мир Нора Форстер. Со тешко срце ја споделуваме тажната вест дека почина Нора Форстер – сопругата на Џон Лидон со која беше  речиси пет децении“, се вели во објавата.

 Пејачот (67) во последниве пет години се грижеше за сопругата која имала Алцхајмерова болест.

Тој, како што пишуваат медиумите, дури неодамна прифатил дека нејзината здравствена состојба е неизлечива и дека никогаш нема да се подобри.

„Алцхајмерот е маѓепсан, исцрпувачки, лесен, но заедно го поминуваме. Таа не ме заборави. Ги заборавила сите освен мене“, рече музичарот во една прилика.

Во изминатите години, додека болеста ѝ напредувала, Лидон напиша песна за неа, со која сакаше да настапи на годинашната Евровизија, но не успеа да се квалификува како претставник на Ирска.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....