09:30 - 11 јануари, 2026

(Фото) Ѕирнете во станот на Ана Николиќ од 500.000 евра! Ангели насликани на таванот, мебел по најнова мода…

Српската пејачка Ана Николиќ во моментот е во центарот на медиумското внимание поради нејзината турбулентна врска со композиторот Горан Ратковиќ Рале.

Ана Николиќ неодамна призна дека на Рале му го доверила чувањето на нејзината ќерка Тара, која ја доби со раперот Стефан Ѓуриќ Раста.

Ана и нејзината ќерка Тара инаку живеат заедно во луксузен стан во Белград, кој е уреден по нивен вкус.

Во домот на познатата пејачка доминираат светли тонови: бела, розова и крем боја… Веднаш се забележува дека го уредила станот со многу љубов, бидејќи е погоден за девојки.

 

Ана сакала да има камин во дневната соба, па си ја остварила желбата. Сè уште не е познато дали на пејачката ѝ помогнал некој со ентериерот или самата била задолжена за сè.

Од двете страни се вградени полици, на кои бројни книги го нашле своето место, како и интересни декоративни детали.

По должината на гардероберот поставен во ходникот вградено е огромно огледало, на кое Ана најчесто се фотографира за својот инстаграм-профил.

Ана сè уште не ја отворила вратата од својот дом за ниту една медиумска екипа, но на нејзиниот Инстаграм можете да видите како изгледа нејзиниот луксузен дом, каде што некогаш живеел и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, Стефан Ѓуриќ Раста.

Таа го направила целиот стан баш по свој вкус, а еден од најубавите катчиња дефинитивно е собата на нејзината ќерка Тара, за која Ана осмислила вистинска мала бајка. На таванот е насликано небо со ангели, а целата соба во розови тонови наликува на соба на принцеза. А бидејќи Тара сега е порасната, се претпоставува дека пејачката го заменила креветчето со поголем кревет за деца.

 

Нејзината недвижност е проценета на 500.000 евра.

– Кога бев дете, не бев свесна колку сум палава, но бев одлична ученичка, сите петки, но секогаш една единица, од владеење. Никогаш не пушев марихуана, но се тепав и правев циркус, бегав од часови и бев главен организатор. Мојот живот е контроверзен сам по себе. Од една страна, јас сум традиционална, а од друга страна, некако се трудам да бидам во чекор со времето, но понекогаш тешко ми оди – рекла Ана тогаш во емисијата „Премиера – викенд специјал“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.
Се вчитува....