11.8 C
Скопје
11:44 - 27 октомври, 2026

(Фото) Замина од Македонија и плачеше на аеродром: Еве што сподели Јелена Спенџарска

Јелена Спенџарска замина од Македонија и објави видео како плаче на аеродром. Водителката и инфлуенсерка објасни дека е многу емотивна секогаш кога патува сама.

– Секогаш кога патувам сама некаде и кога сум сама на аеродром, мене ми се плаче и плачам. Ме обзема едно такво чувство што не можам ни да го опишам, значи, едноставно немам зборови и само почнувам да плачам.

Гледав едно видео на Тикток за една девојка која плаче кога е сама на аеродром, затоа што се чувствува горда на своите достигнувања, и дека може самата да си обезбеди нешто, затоа што не патувала како дете – рече Јелена Спенџарска.

Фото / Инстаграм

Таа додаде дека е горда на себеси што го живее животот што само го сонувала, и затоа ѝ се плаче.

– Шетам, патувам, правам работи за кои сум мислела дека никогаш не сум можела да ги правам. Се чувствувам горда на себеси.

Наталната карта моја зане дека мене ме чека интернационална кариера и дека сѐ што е поврзано со странство ми оди од рака. Не можам да ви кажам каде одам. Не е ова проект, туку е една инвестиција во себе, место на кое треба да ве поканат да одите, не може туку-така да отидете – рече водителката.

Потоа објави инстаграм-приказни од убав хотел и убав град и напиша дека е во рајот, но не откри каде отпатувала.

Фото / Инстаграм

 

 

Слични објави

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.
Се вчитува....