8.8 C
Скопје
09:48 - 31 март, 2026

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

На својата нова инстаграм-приказна, Наде Талевска ја покажа својата голема трансформација. Поп и оперската пејачка е видно ослабена и изгледа одлично.

Талевска последниве години е повеќе посветена на нејзината работа во Националата опера и балет, каде што настапува како солист-сопран. При крајот на февруари, таа настапи во улогата на Виолета Валери во операта „Травијата”.

Наде е еден од најдобрите и најквалитетни вокали на нашата музичка сцена. Во последно време помалку е активна во поп-музиката, но затоа, пак, е своја на своето на оперската сцена, како сопран во Националната опера и балет. На концертите со евергрини и поп-хитови е загарантирано дека таа секогаш го добива најголемиот аплауз. Како мајка на три сина вели дека не е лесно да си самохрана мајка.

Пред неколку години, таа се раздели од сопругот Ненад, за што за првпат зборуваше во интервјуто за „Слободен печат“.

-Без сомнение би ја издвоила улогата на Лучија, една од најкомлексните да се долови како лик, карактер и вокално техничка интерпретација. Имам уште многу улоги во кои би сакала да се остварам, а една од нив би била Констанца од Моцартовата „Грабнување од Сарајот“ – рече Наде Талевска.

-Максим е 12-годишно момче (кое веќе ја достигна мојата висина, кај и да е ќе ме надмине). Тој е спортистот во фамилијата, кој уште од само породување навести дарба, а со текот на времето сѐ повеќе развива афинитети кон спортот. Михаил (10 години) ќе биде мојот наследник, кој покрај неверојатниот талент има развиено голем интерес и љубов кон музиката. Матео има осум и пол години. Најмалечок, кај кого сѐ уште постои онаа невина детска љубопитност кон сè што го опкружува – сподели таа за своите синови.

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....