02:06 - 6 април, 2026

(Фото) Вака славеше шеф Боби од „Брза кујна“, Сања ги објави деталите

Шеф Бобан Симоновски-Боби, популарниот готвач од „Брза кујна“ има повод за славење и частење.

Изминатиов викенд, тој прослави роденден, и тоа јубилеен. Сања Савеска, водителката на познатото кулинарско шоу објави детали од прославата на шеф Боби кој наполни 40 години. Голема торта, а до неа славеникот со најблиските.

Откако шеф Боби по повредата на ногата пак се врати во студиото и заедно со шеф Никола подготвува вкусни специјалитети, Сања објави видео под кое напиша: „И по големиот број на прашања како е шеф Боби, еве го одговорот.

А, на видеото, таа, Никола и Боби играат Пајдушко оро. Сања го објави на својот фејсбук профил и едноставно напиша: „Таман сме!“

Готвачот Боби пред извесно време објави дека ќе биде само гледач на „Брза кујна“ и нема да се појавува во шоуто.

-Супер почнавме, но за беља навистина требало малку. Едно мало невнимание и сега и јас сум гледач на „Брза кујна“. Но со Господ напред за брзо ќе се вратам таму каде што ми е најубаво, во зелената кујна и тимот на пиперките’, напиша Бобан по повредата.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....