Лора, ќерката на Сузана Турунџиева го покажа својот талент и направи нешто уникатно за љубов на својата мајка.
Познато е дека Сузана е основач и диригентка на женскиот хор „Фрида“, а Лора нацрта женски лик кој наликува на мексиканската сликарка Фрида Кало.
Токму од неа е инспирацијата за името на хорот за жени на д 40 години. Прочуената мексиканската сликарка Фрида Кало, како мала имала деформација на рбетниот столб. Подоцна доживеала сообраќајна несреќа при што се здобила со фрактура на рбетниот столб. Турунџиева вели дека отсекогаш ја инспирирала приказната за храброста на Кало.
„Нејзината страст за животот, наспроти тагата и болката кои ја заробиле во неподвижна состојба во која ги направила најграндиозните автопортрети, ми беше мотив да истражувам многу за неа низ годините и да ѝ се восхитувам“, рече Сузана во една прилика.
На Инстаграм-профилот „Фрида корнер“ е објавена сликата која ја насликала Лора, и на неа се гледа нејзиниот голем талент за уметност.

