33.8 C
Скопје
12:02 - 26 август, 2026

(Фото) Татјана Стојановска блесна со нов изглед, сопругот Михаил со воодушевување ѝ коментираше

ТВ-презентерката и поранешна Мис на Македонија, Татјана Стојановска, повторно го привлече вниманието со својот елегантен и негуван изглед. Таа деновиве престојува во Охрид, каде што за нејзината шминка се погрижи позната шминкерка од Охрид.

Мери објави повеќе фотографии со Стојановска и не го криеше воодушевувањето од средбата со неа.

„Денес имав чест и особена привилегија да ја нашминкам една од најпрепознатливите македонски ТВ-презентерки и поранешна Мис на Македонија, Татјана Стојановска“, напиша таа.

Во објавата, шминкерката потсети и на долгогодишната кариера на Стојановска.

„Жена со впечатлива кариера, која со години е дел од македонската јавна сцена и своето професионално име го изградила со стил, достоинство и исклучителен професионализам. Во нејзината богата кариера се вбројуваат водењето на бројни фестивали, корпоративни настани и свечени академии“, напиша Мери.

Таа додаде дека зад професионалните успеси на Стојановска стои и силна личност.

„Но, зад сите признанија стои нешто уште повредно – жена со став, харизма, елеганција и сила која остава трага. За мене, вистинската убавина не е само во изгледот. Таа е во енергијата, самодовербата и начинот на кој една жена го носи своето име“, стои во објавата.

Очигледно и на Татјана ѝ се допаднал новиот изглед, па токму една од фотографиите направени по шминкањето ја постави како нова профилна фотографија на својот профил на Фејсбук. На сликата, со стикери на воодушевување, ѝ коментираше нејзиниот сопруг Михаил Китановски.

Фото: Фејсбук/Татјана Стојановска

Стојановска важи за едно од најпрепознатливите телевизиски лица во Македонија, позната по тоа што го негува литературниот македонски јазик. Во 1992 година ја освои титулата Мис на Македонија, а во интервју за „Слободен печат“ раскажа дека токму тој момент имал големо влијание врз нејзиниот понатамошен професионален пат.

„Секако дека тоа е еден од важните, но јас би рекла и судбинските моменти во мојот живот. Тој настап и титулата на некој начин ми го трасираа патот во професијата“, рече Татјана.

По освојувањето на титулата и телевизиското интервју во МТВ, таа добила понуда за ангажман во телевизијата. Најпрво работела во најава на програма, потоа ја водела „Добро утро Македонијо“, а подоцна станала презентерка на вести.
Во друго интервју за „Слободен печат“, зборувајќи токму за негата и изгледот, откри дека се труди да води здрав живот и дека за неа добриот изглед не се сведува само на козметиката.

„Посветувам внимание на негата на лицето и телото во границите на нормалата“, рече Стојановска, додавајќи дека за свежината на лицето и телото ѝ се важни доволно сон, прошетки на чист воздух, вежбање и здрава храна.

Слични објави

Ретка снимка од Тоше Проески и 13-годишниот Боби Андонов на концерт во Мелбурн

Еспресо

Тони Зен со емотивна приказна за Слаткаристика: „Можеби не сме си кажале доволно пати те сакам, брату“

Еспресо

(ВИДЕО) Дунав откри мрачна тајна — германски мотоцикл и посмртни останки од Втората светска војна

Е.А.

Хороскоп за 26 август: Раковите ќе ги искористат своите таленти, Стрелците ги очекуваат нови можности

apostolova

(Фото) Катарина Грујовиќ ја платила најскапата лежалка во Црна Гора, дала 200 евра!

Еспресо

Среде помирувањето со Душко, Карлеуша откри: Нашиот млад најбогат фудбалер ми се јавува цела ноќ и ме моли…

Еспресо
Се вчитува....