Српскиот фолк пејач Миле Китиќ е присутен на сцената веќе 44 години, а речиси никогаш не го користел своето вистинско име.
Имено, денес еден од најпопуларните фолк пејачи во дијаспората доживеа пресвртница во својата кариера кога стана дел од продуцентската куќа „Јужни ветар“,
Меѓутоа, иако сите го знаат како Миле, тоа не е неговото вистинско име.

Неговата ќерка Елена неодамна објави еден од неговите документи и го откри вистинското име на нејзиниот татко.
Во неговите документи, во овој случај американски документ, пишува „Милојко Китиќ“ – што е неговото вистинско име.

Освен тоа, Миле Китиќ и неговата сопруга Марта Савиќ поседуваат скапа недвижност во Доминиканската Република за кој наводно платиле околу 300.000 евра.
Во нивниот стан, кој има поглед на морето, сè е во бело, како во собите, така и на огромната тераса каде што има и џакузи.
Освен Марта, која често патува на оваа дестинација, голем обожавател е и нивната ќерка Елена, која не крие дека обожава да оди во Доминиканската Република, од каде што не пропушта да објавува фотографии додека ужива таму.
