12.8 C
Скопје
16:24 - 26 октомври, 2026

(Фото) Шанен Доерти го отстрани туморот од главата: „Се обидувам да бидам храбра, но скаменета сум“

Шанен Доерти продолжува да биде транспарентна со своите следбеници на социјалните мрежи за нејзините здравствени битки.

Во средата, актерката – на која и беше дијагностициран рак на дојка во четврти стадиум во февруари 2020 година – сподели видео од болница,  пред да направи операција за отстранување на туморот кој од неодамна ѝ беше откриен во главата.

„16 јануари 2023. Хирургија. Имав тумор во главата што сакаа да го отстранат и направија биопсија. Јасно е дека се обидувам да бидам храбра, но сум скаменета“, напиша 52-годишниот во описот на фотографијата. „Стравот е поразителен за мене“.

„Преплашена сум од сите можни лоши исходи, загрижена дека ќе ја напуштам мајка ми и како тоа ќе влијае на неа. Загрижена дека ќе излезам од операција а да не бидам истата јас“, продолжи таа. „Вака може да изгледа ракот“.

Минатата недела, актерката на Инстаграм објави дека томографијата направена на 5 јануари покажала дека има метастази на мозокот. Состојбата се јавува кога клетките на ракот се шират од нивното првобитно место до мозокот, според Клиниката Мајо.

„На 12 јануари се одржа првиот круг на зрачење“, објасни Доерти заедно со видеото на Инстаграм на кое таа прима терапија со зрачење. „Мојот страв е очигледен. Јас сум екстремно клаустрофобична“, додаде таа.

„Јас сум среќна затоа што имам одлични лекари како д-р Амин Мирахди и поради неверојатните технологии во болницата Cedar Sinai“, продолжи таа. „Но, тој страв… Неизвесноста.. тајмингот на сето тоа…. Вака може да изгледа ракот“.

Доерти претходно даде нови информации за нејзиното здравје на панел дискусија заедно со Роуз Мекгоуан, Холи Мари Комбс, Брајан Крауз, Доријан Грегори и Дру Фулер, модерирана од Брен Л. Хелдман од списанието „Пипл“. Во тој период се чувствуваше, како што рече, одлично.

Откако првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година и објави дека болеста се вратила по ремисија во 2017 година, Доерти често споделува информации за својата здравствена состојба со своите следбеници на Инстаграм, бодрејќи ги сите оние кои поминуваат слични искуства како нејзиното.

Слични објави

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо
Се вчитува....