Хрватската пејачка Северина Вучковиќ им го честиташе Велигден на своите следбеници на социјалните мрежи – во пижами. Но, бидејќи станува збор за Северина, тоа не била обична домашна комбинација, а нејзиното издание воопшто не изгледало како штотуку да станала од кревет. Пејачката го поминала празникот со семејството и блиските пријатели, а моментите со својата мајка Ана и синот Александар споделила со следбениците на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Со оглед на топлата, семејна атмосфера, пижамите се наметнале како логичен моден избор. Заедно со фотографиите, таа накратко напишала: „Среќен Велигден“.
Инаку, станува збор за дводелна пижама од италијанскиот бренд „La DoubleJ“ изработена од свила, а чини 1080 евра. Во нежна нијанса на мента, се истакнува богат цветен дезен со мотиви од природата, што ја прави целата комбинација да изгледа префинето и импресивна, а не исклучиво лежерна.


Горниот дел од пижамата е со закопчување, долги ракави и класична јака, додека долниот дел се состои од широки панталони. Изданието го заокружила со бордо мокасини од „Гучи“, кои чинат 890 евра. Косата ја пуштила права и лабава, додека очите ги нагласила во кафени тонови со шминка. Северина била беспрекорно дотерана – дури и во пижамите.
