17.8 C
Скопје
16:10 - 3 март, 2026

(Фото) Серена Вилијамс откри дека чека второ дете, Федерер ги засени сите на гала вечерата

Легендарната американска тенисерка го искористи своето доаѓање на Мет Гала за да објави прекрасни вести, а сите гледаа во Роџер Федерер.

Големите настани стануваат и место каде се најавуваат големи работи. Ријана реши да објави дека е бремена на Суперболот, а сега тоа го направи Серена Вилијамс на една од најгламурозните забави.

Пред да се појави на настанот, таа објави фотографија на која се гледа нејзиниот стомак, а потоа реши да проговори за тоа и на црвениот тепих.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

„Бев многу возбудена кога Ана Винтур не покани нас тројцата на Мет Гала“, рече Серена, алудирајќи на сопругот Алексис Оханијан и на нероденото дете.

Во текот на кариерата, Серена освои 24 Грен слем титули, по седум на Австралија Опен и Вимблдон, три на Ролан Гарос и уште шест на УС Опен. Покрај тоа, таа има 14 Грен слем титули во двојки, и злато од Олимписките игри во 2012 година.

Федерер пак, беше главна тема за дискусија со сопругата Мирка, а сподели и неколку фотографии, како онаа на која се фенира, или фотографијата на која наздравува со шампањско.

Така, уште еднаш покажа дека не е само тениски шампион, туку и шампион во однос на модта и стилот.

 

 

Слични објави

Ѝ пропадна бизнисот на Ана Ивановиќ: Вложи три милиони евра, ама нема интерес за нејзината природна козметика

Еспресо

(Фото) Теодора Џехверовиќ го покажа својот скриен талент, сите се воодушевени

Еспресо

(Фото) Каков фраер е синот на Харис Џиновиќ: Кан се набилда и пушти брада, ги остави жените без зборови

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ сподели радосна вест: Малата Арија наполни шест месеци

Еспресо

(Фото) „Носам исти гаќи седум дена“: Дарко и Катарина Лазиќ се заробени на Малдивите, пејачот мора рачно да пере алишта

Еспресо

Катарина Грујиќ мирот го пронајде во светилиштата на Косово и Метохија: „Постот е благослов“

Еспресо
Се вчитува....