11.8 C
Скопје
20:45 - 7 март, 2026

(Фото) По операција на носот во Турција, момчето ѝ приреди незаборавно изненадување на Нина Џогани

Ќерката на пејачката Анабела Атијас и денсерот Гаги Џогани, младата инфлуенсерка Нина Џогани, неодамна се подложи на естетска операција на носот во Турција, а целото искуство го сподели со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Од самото заминување на интервенцијата, периодот на закрепнување, па сè до секојдневието за време на престојот во Турција, Нина редовно ја информираше јавноста преку фотографии и видеа.

По враќањето во Белград, ја пречека посебно изненадување.

Имено, по повод Денот на вљубените, нејзиниот партнер ѝ приредил романтичен пречек. Станот бил украсен со цвеќе, подароци и внимателно избрани ситници, меѓу кои парфем и различни слатки задоволства.

Трогната од гестот, Нина ги сподели моментите од изненадувањето со своите следбеници, покажувајќи колку овој ден ѝ бил направен посебен.

„Како ме пречека мојата љубов по враќањето од патување“, напиша таа покрај објавата, додавајќи низа розови срца.

Слични објави

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Постојано сте уморни? Ова се симптомите на недостаток на железо што жените често ги игнорираат

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....