02:30 - 9 април, 2026

(Фото) Ози Озборн непрепознатлив, фановите шокирани од изгледот на ѕвездата: Снимен во продавница, едвај се движел

Без помош на бастун, легендарниот 74-годишен музичар не може да се движи, а до него е секогаш неговиот асистент. Така било и кога бил „уловен“ од папараците во продавница.

Легендарниот музичар оваа недела беше снимен во продавница во Лос Анџелес, каде пазарувал со помош на својот асистент. Фотографиите набргу станаа вирални, а фановите беа изненадени како пропаднала познатата ѕвезда.

принтскрин
принтскрин

На пејачот пред десет години му беше дијагностицирана Паркинсонова болест и долго време ја чуваше оваа информација во тајност. За болеста првпат проговори пред три години.

– Само сакам да се вратам на сцената. Морам да се вратам на сцената. Ме излудува што не можам да бидам на сцената. Не можам да се опуштам. Секогаш сакам нешто да правам. Мислам, би можел да кажам дека прекинуваме со настапите, но не можам да престанам. Ништо не е подобро од добра свирка и ништо не е подобро од лоша свирка, бидејќи лошата свирка ве тера да сакате да направите добра свирка, подобра од порано. Одлична свирка е подобра од било кој секс или дрога. Нема со што да се споредува – изјави неодамна Озборн во интервју за Јаху.

За неговото тешко одење, како што своевремено самиот кажа, не е виновна само Паркинсовата болест туку и тоа што лошо паднал и се повредил, а операцијата не била успешна.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....