15.8 C
Скопје
23:38 - 21 октомври, 2026

(Фото) Ова е Освалдо Риос, поранешното момче на Шакира: Човекот на кој таа никогаш не му посветувала зајадливи песни

Шакира е на врвот на музичката индустрија, и иако ова не треба да биде вест со оглед на нејзината успешна кариера, постојат различни причини зошто нејзините најнови песни стануваат вирални.

Откако ја прекина 10-годишната врска со Жерар Пике, Шакира реши да објави неколку песни преку кои цели да ја покаже во вистинско светло поранешната ѕвезда на Барселона. Нејзините најнови хитови „Te felicito“, „Monotonia“, „BZRP Music Session #5“ и „TQC“ имаат јасни референци за Пике.

Сепак, таа не секогаш се мачела со своите партнери, бидејќи поранешното момче Освалдо Риос тврди дека одржува одлични односи со Шакира.

„Имавме многу убава врска која ја ценам и ќе ја ценам цел живот“, истакна Риос.

„Таа ми напиша песни кои сè уште ме трогнуваат секогаш кога ќе ги слушнам. Јас пак напишав поезија за неа. Се надевам дека ја зачува книгата што ја напишав за неа. Ги напишав нејзините песни, а и таа пишуваше песни за мене“, рече порториканскиот актер и продуцент Риос.

„Благодарение на интернетот, сега можете да отидете на Јутјуб и сами да ги слушате“, додава тој

Во разговор со новинарот Тони Коста, Риос откри повеќе детали за тоа како завршила неговата врска со Шакира.

„Таа штотуку почнуваше со „Pies descalzos“ и го имаше цел свет пред себе“, додаде Риос.

„Кога сакате некого, подобро е да го ослободите и тоа е најдобриот доказ за љубовта што можете да му ја дадете. Таа мораше да лета, тоа беше најдоброто нешто што ѝ се случило, но мораше да го направи тоа без мене“, завршува тој.

Фејсбук

Слични објави

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо
Се вчитува....