15:40 - 8 април, 2026

(Фото) Нова приказна за Кате и Трајче од „Соната“ кои тајно се венчаа и криеја дека ќе имаат дете

Трајче и Кате од групата „Соната“ останаа запаметени по тоа дека тајно се венчаа, врската ја криеја од јавноста, а и веста дека ќе станат родители.

Секако, велешката групата е позната и по нивните успешни настапи и песни, и е една од најзафатените на македонската естрада. Но, она за што најмногу се пишуваше во 2019 се приказните од нивниот приватен живот.

Пејачката и клавијатуристот на фолк групата, Катерина Брезева и Трајче Бондиков цели 18 години беа во љубов и во врска. Конечно, по 18 години, тие во мај во 2019 година решија да застанат на „лудиот камен“, но таа вест ја сокрија од јавноста на почетокот.

Убавата невеста беше во осмиот месец од бременоста, а јавноста тоа го дозна откако Кате и Трајче се пофалија со фотографии на социјалните мрежи. Потоа, нешто повеќе од еден месец, тие имаа уште една голема радост – им се роди ќерка во јуни во 2019.

Ана сега има шест и пол години, а пред извесно време Кате објави фотографија со неа, како снима во студио. Новата приказна на „Соната“ е поврзана со нивниот настап на Фолк фест „Роса“, каде што биле дел од учесниците.

Фото / Инстаграм

Дотерани и елегантни, Катерина и Трајче објавија фотографија на социјалните мрежи пред настапот, како и дел од песната која секако ќе остане да се пее.

Слични објави

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.
Се вчитува....