7.8 C
Скопје
00:23 - 31 март, 2026

(Фото) Мишел Фајфер има помлада сестра-убавица: Била мисица, денес е глумица, ама „бега“ од јавност

Знаевте ли дека Мишел Фајфер има сестра и дека е глумица? Ретко се појавува во јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Big Sky (@bigskyabc)

Помладата сестра на холивудската актерка Мишел Фајфер е исто така актерка. Таа е во Холивуд со години, но 59-годишната Деди Фајфер никогаш не постигнала таков успех со кој може да се пофали нејзината постара сестра. Иако ретко се појавува во јавноста, Деди е добредојдена гостинка на добротворни настани во Лос Анџелес, па не е изненадување што беше поканета на гала вечера на која се собираа пари за лицата со мултиплекс склероза.

Работела во супермаркет, била и стенограф, но победата на локалниот натпревар за убавина ѝ ја отворила вратата на Холивуд.

Интересно е што Деди Фајфер, за разлика од шест години постарата Мишел, никогаш не планирала да стане актерка. Како што еднаш призна, сè се случило случајно.

– Може да се каже дека станав актерка благодарение на системот за обиди и грешки. Да кажам накратко, додека наполнив 18 години, имав направено разни работи, бидејќи веќе почнав да работам со 10 години. Сестра ми го снимаше филмот „Лице со лузна“ и ѝ реков дека сакам и јас да пробам, бидејќи ми е досадно со се останато, вели таа. Деди која иако одиграла 70-тина улоги во кариерата, никогаш не го постигна успехот на Мишел.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....