08:42 - 6 април, 2026

(Фото) Секси змејка: Сидни Свини се облече во провокативен костум, мажите паднаа во транс

Американската актерка Сидни Свини повторно е тема број еден на социјалните мрежи, овојпат поради костимот што го избра за „Friendsgiving“ забавата – неформално празнично дружење што пријателите го организираат околу Денот на благодарноста.

Наместо класичен празничен стил, Свини се појави како „змејот“ од анимираниот филм „Шрек“, и веднаш предизвика лавина реакции.

Свини објави серија фотографии во кои позира во црвено боди со длабоко деколте, комбинирано со чорапи до колена, долги ракавици, хулахопки и високи потпетици. Целиот изглед го заокружи со препознатливите змејски.

На една од фотографиите позира со пријател облечен во костим на магарето од „Шрек“, јасна алузија на шармантната врска помеѓу двата лика од филмот. И останатите гости биле маскирани како ликови од филмот.

Објавата собра речиси еден милион допаѓања за само 17 часа, а фановите се воодушевени.

https://www.instagram.com/p/DRsAt_OkbRW/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=NTc4MTIwNjQ2YQ==

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.
Се вчитува....