15.8 C
Скопје
15:35 - 29 октомври, 2026

(Фото) Мал гест, голема љубов: Мина Наумовиќ откри како братчето ја покажува приврзаноста кон сестра си

Мина Наумовиќ, сопругата на српскиот водител Огњен Амиџиќ, повторно сподели дел од приватниот живот со своите следбеници на социјалните мрежи.

Таа објави фотографија од семејниот дом на која се гледа нивната дадилка од Филипини со децата, а посебно внимание привлече моментот меѓу нејзините две деца – синот Перун и ќерката Лола.

Мина покажа како Перун ужива во играта со својата сестра и откри на кој начин тој ѝ ја покажува љубовта.

„Крајниот доказ за љубов во светот на малите деца е кога ќе ви залепат налепница“, напиша Мина покрај фотографијата.

Токму овој мал, но емотивен детаљ ги воодушеви нејзините следбеници, кои го доживеаја како симбол на детската нежност и приврзаност.

Мина Наумовиќ беше едно од заштитните лица на емисијата „Амиџи шоу“, каде што се запозна и зближи со Огњен Амиџиќ, со кого подоцна стапи во брак.

Откако остана бремена и ги доби двете деца, таа се повлече од проектот и повеќе се посвети на семејството.

 

 

Слични објави

(Фото) Македонската музичарка Мартина Блажеска очекува близнаци: „Од двајца ќе станеме четворица“

К.С.

Цвеќиња што ја разубавуваат есента — што да засадите на балконот во октомври?

К.С.

Драгана Беквалац скршена од болка по ненадејната смрт на миленикот: „Здрав како дрен, а замина за неколку минути“

Е.А.

(Фото) Адријан Гаџа и сопругата Сидорела во елегантни изданија на свадба — пејачот позираше и со родителите

К.С.

Нови шокантни детали за Беби Дол: Соседите тврдат дека е исфрлена од станот поради хаосот што го направила

Е.А.

(Видео) 20 години без Наско Џорлев – авторот на една од најубавите љубовни песни „Не кажувај либе добра ноќ“

Еспресо
Се вчитува....