18:51 - 10 февруари, 2026

(Фото) Ќерката на српската пејачка има 23 години и работи за Трамп: Во бикини ужива за сите пари во Мајами 

Ќерката на српската пејачка Каја Остојиќ, Николина Драгојловиќ, на свои 23 години постигнала голем успех во Америка. Николина работи во агенција која работи на маркетиншката кампања на американскиот претседател Доналд Трамп, а секој слободен момент го користи за одмор.

Николина во моментот ужива во Мајами, од каде објавила фотографии на својот инстаграм-профил.

Имено, ќерката на Каја Остојиќ прво покажала како ужива во сончевиот ден, облечена во дводелен костим за капење, капа и очила за сонце.

Николина потоа ја фотографирала луксузна јахта закотвена во марината, а потоа споделила фотографија на која се гледа панорамата на градот Мајами и може да се заклучи дека ужива за сите пари.

Николина со години живее во Америка, каде што студира и сама го трасира својот пат кон успехот. Интересно е што Николина успеала да се вработи во агенцијата која работи на маркетиншката кампања на Трамп.

Каја често оди кај ќерка си и не крие колку е горда на неа. Така Николина неодамна откри за „Блиц“ како се снаоѓа на работа.

– Фантастично си поминавме во Америка, уживавме, посетивме многу работи и навистина се опуштивме – рекла пејачката и додала дека сè уште ги плаќа ручеците иако нејзината ќерка сега сама заработува пари.

– Сè уште јас имам предимство во честењето, но одиме на подобро. Убаво е кога чести. Таа сè уште работи за Меланија, одлична е во својата работа. Сигурна сум дека ќе направи големи работи, верувам во неа – рекла Каја низ смеа, меѓу другото.

Инаку, Николина се нашла во првите редови на инаугурацијата на Доналд Трамп, а потоа и на балот каде привлекла големо внимание.

 

– Николина порасна во прекрасна девојка, многу сум горда на неа, сите ја фалат. Таа е голем работник, навистина се труди, во една година завршува две, учи постојано, дење и ноќе. Секогаш ѝ бев поддршка, дури и кога реши да оди во Америка. Иако ми беше тешко, ја поддржав, како и секогаш. Едноставно ја разбирам кога вели дека не сака да се врати од Мајами. Искрено, и јас не сакав да се вратам – рекла своевремено Каја.

Слични објави

(Фото) Теодора Џехверовиќ го прослави 29. роденден во тајност, а сега испливаа моменти од лудата забава

Еспресо

„Мажи во бањарки ме чекаа во хотелски соби“: Славната манекенка ја откри мрачната страна на модната индустрија

Еспресо

Бобан Рајовиќ ѝ честиташе принова на погрешната Милица, симпатичната забуна ја насмеа јавноста

Еспресо

Рада Манојловиќ проговори за пластичните операции: Ја откри тајната за витката линија!

Еспресо

Карлеуша искрено за своето прво сексуално искуство: „Беше ужасно“

Еспресо

Се запали куќата на позната српска пејачка: Претходно ѝ беше запален автомобилот, со години трпи терор

Еспресо
Се вчитува....