13.8 C
Скопје
11:45 - 8 март, 2026

(Фото) Кејт Мидлтон ги трогна посетителите на Вимблдон – таа навистина потсетува на принцезата Дајана

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон е позната како голем љубител на тенисот.

Taa се појави на Вимблдон на вториот ден од настанот, облечена во минт зелено сако над бел плисиран фустан.

Впечатливото сако имаше бели ревери и бели копчиња, повторувајќи го стилот по кој беше позната принцезата Дајана.

Принцезата го зазеде своето место во кралската ложа додека го следеше мечот помеѓу најдобрата британска тенисерка Кејти Бултер која играше против Австралијката Дарија Савил. Натпреварот беше прекинат поради дожд.

Минатата година, принцот Вилијам и принцезата Кејт го донесоа својот најстар син, принцот Џорџ, за првпат да гледа натпревар на Централниот терен од кралската ложа.

Како и секоја година, Кејт на сакото носеше виолетова машна, што е повеќе од моден детаљ.

Тоа е симбол на покровителството на Кејт на англискиот „Lawn Tennis & Croquet Club“, кој доаѓа од самата кралица. Кејт го доби ова покровителство од кралицата Елизабета Втора бидејќи е голем љубител на тенисот.

Слични објави

Сале Тропико е заљубен и среќен покрај неа: „Да, во емотивна врска сум, но не можам да ја споредувам со Јована Пајиќ“

E.A.

„Ми рече да ја оставам, не навлегував во детали“: Јована Пајиќ откри детали за пехот на Марија Шерифовиќ

E.A.

Дневен хороскоп за 8 март: Внимавајте при донесување на важни одлуки

apostolova

(Фото) Тигар и Јована Јеремиќ се свршија: Водителката го покажа дијамантскиот прстен

Еспресо

Oткриено е колкава пензија зема легендарната Сузана Манчиќ

E.A.

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо
Се вчитува....