8.8 C
Скопје
20:18 - 19 февруари, 2026

(Фото) Кадри како од филм: Огнен Здравковски сними спот во Египет

Наскоро ќе имате прилика да го погледнете спотот за најновата песна на младиот и познат пејач Огнен Здравковски, кој го снимаше во далечниот Египет.

Песната е на српски јазик и носи наслов „Километрима“.

За овој најнов музички проект, Огнен реши да соработува со едни од најдобрите музички имиња од Србија, кои стојат како автори на можеби најголемите хитови на овие простори.

Тоа е познатиот композитор Сашко Николиќ кој се потпишува како автор на музиката, текстот го напиша Мира Мијатовиќ, додека пак аранжманот е дело на одличниот Аца Крсмановиќ.

За видеоспотот, Огнен ги избра момците од „Урбан Рекордс“, односно како режисер се потпишува Гордан Божиновиски.

Инаку ова не е прва соработка на Огнен и Сашко, тие предходно соработуваа и за песната „Душа“, а по се изгледа ќе продолжат и во иднина.

Овој најнов музички проект ќе биде промовиран во Скопје, но и во Белград, а телевизиска премиера ќе има и на телевизите на „Гранд“, каде Огнен е ексклузивец.

Погледнете дел од кадрите од спотот за „Километрима“.

 

Слични објави

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо
Се вчитува....