Српската водителка Јована Јеремиќ присуствувала на семејната слава во домот на Жељко Митровиќ и неговата сопруга Милица, кои го одбележале празникот Ѓурѓиц. Дел од атмосферата од прославата споделила и на социјалните мрежи, каде што вниманието го привлекле раскошно украсената трпеза и елегантната декорација.
Јована на прославата пристигнала во придружба на својата ќерка Леа, која исто така била облечена во елегантна комбинација. Девојчето носело фустан, црна бунда и украсна машна на главата, а водителката не пропуштила да сподели дел од нивното семејно дружење.

Јована ја фотографирала празничната трпеза во домот на Митровиќ, а на фотографиите се забележува внимателно избрана декорација.
Просторот бил украсен со црвени рози и свеќи, кои придонеле за свечената атмосфера. Елегантниот изглед на трпезата веднаш го привлекол вниманието на следбениците, особено поради богатите цветни аранжмани и деталите со кои бил уреден домот.
По повод семејната слава, Милица Митровиќ објавила фотографија од традиционално подготвената славска трпеза во нивниот дом.
Посебно внимание привлекол богато украсениот славски колач, поставен покрај голема икона. На трпезата имало и свеќа украсена со машна, како и славско жито со бадеми, суво грозје и крст од чоколадо.
Објавата предизвикала бројни честитки од нејзините следбеници, кои им го честитале празникот на семејството Митровиќ.
Жељко и Милица Митровиќ традиционално ја одбележале славата Ѓурѓиц, а фотографиите од нивниот дом уште еднаш покажале како изгледала свечената атмосфера.
