9.8 C
Скопје
22:09 - 17 март, 2026

(Фото) Игор Којиќ повторно во љубов со Хрватка: Убавата Николина беше мис, се занимаваше и со политика, а е двојно помлада од Северина

Откако се разведе минатата година, синот на српскиот фолкер Драган Којиќ – Кеба, веќе си најде нова партнерка, Хрватката Николина Шапоња.

Игор Којиќ се ожени со тиктокерката Софија Дачиќ на почетокот на минатата година, а по неколку месеци решија да се разведат.

Сепак, наследникот на Кеба веќе си најде нова партнерка, убавата Николина Шапоња од Риека, со која сподели фотографија од еден ресторан.

Оваа 27-годишна девојка од Риека е позната на јавноста од 2019 година, кога ја освои титулата прва придружничка на натпреварот за Мис Приморско-горанска жупанија за Мис на Хрватска.


По манекенската кариера, таа се проба и во политиката, како претставник на Форумот на млади на СДП и членка на Советот на млади на Градот Риека.

Меѓутоа, минатата година се најде во центарот на скандал бидејќи јавно го поддржа тогашниот градоначалник Марко Филиповиќ, додека истовремено се појави на промотивниот постер на неговата сопартијка, но и противкандидатка Сандра Крпан, пишува „Нови лист“.

Набргу потоа, таа ја напушти СДП.

Инаку, Николина е речиси двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, хрватската пејачка Северина Вучковиќ, која годинава полни 54 години.


Да потсетиме, Кеба неодамна коментираше за новата снаа.

„Таа е убава девојка, искрено да кажам. Дали ќе биде снаа, Игор одлучува за тоа, но мене навистина ми се допаѓа како личност, целосно однатре и однадвор. Тоа е до Игор, јас не би се мешал. Никогаш не сум се мешал во неговите избори. Ако е тоа што го кажа ти (снаа), тоа ќе му биде трет брак. Па во што е проблемот. Немам ништо во врска со неговото минато, секогаш велев дека нема да зборувам. Немам ниту еден лош збор за поранешните снаи. Нема причина. Неговиот избор од срцето е и мој избор. Мисли добро. Не плаши се.“

 

Слични објави

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо

Емотивна исповед на Азис кој откри неверојатни детали од детството: Роден во затвор, а првото име му било Станислав

С.П.

Кога се сврте, проработе фантазијата – дали Маја носи нешто под фустанот?

Еспресо

(Фото) Приклучена на апарати: На познатата пејачка Диди Џеј ѝ се влоши здравјето, има проблеми со срцето

Еспресо
Се вчитува....