3.8 C
Скопје
23:51 - 26 октомври, 2026

(Фото) И малата ќерка на Здравко Чолиќ се „опушти“: Лара позираше во фустан со провокативно деколте

Пејачот Здравко Чолиќ (74) има две ќерки, Уна и Лара, кои се многу активни на социјалните мрежи. Уна веќе некое време е многу активна и позната на јавноста, додека помладата ќерка Лара (19) само одвреме-навреме се огласува на социјалните мрежи.

Меѓу последните објави, таа сподели фотографија од одмор во Турција во црн мини-фустан, кој ги истакна нејзините нозе и деколте.

Фото: Скриншот

Потсетуваме, Лара Чолиќ и богаташот Андрија Ѓ. ја раскинаа врската оваа пролет, а многу се зборуваше дека тој ја оставил. Андрија е син на сопственикот на најголемиот ланец теретани во регионот, а љубовната врска не успеале да ја одржат, па ја завршиле по една година романса.

Како што се дознава, раскинувањето се случило откако и двајцата одлучиле да се посветат на себеси. Така, Лара Чолиќ сега често објавува како поминува време со пријателите и како излегува. Ист е случајот и со Андрија, кој се посветил на семејниот бизнис.

Да потсетиме, Здравко Чолиќ во разговор со македонски медиуми изнесе детали за ќерките за кои досега не зборувал јавно.

„Не сум јас премногу дисциплиниран, но сум кога треба. Постојано им го зборувам тоа на своите деца, знаеш… Имам две ќерки кои се разгалени. Нормално… Па и јас би бил разгален да сум на нивно место. Сепак, јас би очекувал некако повеќе од нив, знаеш, но…“, рече Чолиќ за „Еден на еден“.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....