9.8 C
Скопје
04:40 - 28 октомври, 2026

(Фото) Го одврза ќесето – Јелена Карлеуша ги однесе ќерките на шопинг во Дубаи

Постарата ќерка на Јелена Карлеуша, Атина Тошиќ, наскоро станува полнолетна, а пејачката сега одлучи да отпатува во Дубаи со славеничката и помладата ќерка, Ника, каде што ги однесе на луксузен шопинг.

Карлеуша ги спакува куферите и отпатува во Дубаи, каде што често сака да биде во друштво на своите ќерки, но овој пат дамите отидоа на луксузен шопинг, од каде што споделија фотографија со чанти „Шанел“.

Мајка им остана со празни раце, барем засега, додека Атина и Ника се почестија со луксузни парчиња.

Јелена носеше син краток фустан со набори што го истакнуваше нејзиното деколте и плетена чанта од светски бренд во крем боја, додека на нозете имаше кремасти апостолки.

Атина се одлучи за опуштено издание – црна маичка, бели шорцеви и влечки од брендот „Шанел“, додека Ника носеше розов долг фустан и кремасти влечки.

Да потсетиме, овој потег следи недолго откако Јелена го прослави својот роденден, што предизвика огромно внимание во јавноста. Посебно внимание привлече фактот што на прославата се појави и нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, што предизвика бројни коментари за нивната врска.

Слични објави

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо
Се вчитува....