10:57 - 28 јануари, 2026

(Фото) Ема Вотсон со брат ѝ на Вимблдон: Девојките „полудеа“ по Алекс

Британската актерка Ема Вотсон (33) присуствуваше на машкото финале на Вимблдон со својот помлад брат.

Ѕвездата на „Хари Потер“ беше забележана на трибините со нејзиниот 30-годишен брат Алекс додека го гледаа Новак Ѓоковиќ како се соочува со Карлос Алкараз во финалето во недела, 16 јули.

Во исто време на трибините присуствуваше и поранешното момче на актерката Брендон Грин, но тие не си разменија погледи, како што пишуваат британските медиуми. Само пред неколку недели, Вотсон се раздели од Брендон, син на малопродажниот магнат Филип Грин. Ема беше со Брендон 18 месеци.

На финалето на Вимблдон, ѕвездата од „Малите жени“ се појави во бела блуза без ракави и панталони во праска нијанса. Ема го комплетираше својот изглед со пар бели балетанки, а додаде гламур со шапка со широк обод.

На Ема ѝ се придружи нејзиниот помлад брат Алекс, кој беше трендовски облечен во светла розова нијанса, а социјалните мрежи се преполни од позитивни коментари за изгледот на згодниот брат на глумицата.

Слични објави

(Видео) Згодна и заводлива: Сања Кужет позираше од сите агли, ја истакна тенката половина

Еспресо

Теа Таировиќ за тоа како ја разгалува сопругот: „Секое утро ми прави кафенце и ми пушта цртан филм“

Еспресо

„Би сакала да посвојам дете“: Нина Бадриќ беше 12 години во врска, шест во брак, се разведе, но и понатаму верува во љубовта

E.A.

Дневен хороскоп за 28 јануари: Идеален ден за организација

apostolova

(Фото) Азис објави прва фотка од сопругот по венчавката во САД

E.A.

Огњен Амиџиќ ја посети сопругата во породилиштето и првпат ја зеде ќерката во раце: „Лола личи на Перун“

Еспресо
Се вчитува....