02:04 - 6 април, 2026

(Фото) Дарко Мијалковски се врати од Австралија, овој познат човек го пречека

Музичарот и водител Дарко Мијалковски се врати во  Македонија, по повеќе од пет години живот во Австралија,

Слика од него објавил Жанко Голабовски од Охрид, кој е познат актер и водител. Сликајќи се заедно во центарот на Охрид со Дарко, тој напишал:

-Јас планирав да го изненадам во Австралија, тој ми се нацрта у Охрид. Случајните случки,случајно се случуваат“, рече Жанко за Дарко кој е дојден на одмор најверојатно.

Инаку, популарниот музичар и креатор на детскиот фестивал „Супер Ѕвезда“, направи голема животна промена. Тој е син на легендата на македонската поп музика, Драган Мијалковски.

 

Пред неколку години, токму во времето на Ковид пандемијата, тој реши да си замине од Македонија со неговата сопруга Марија која е инаку доктор, и со ќерката и со синот да замине во Австралија.

 

Во една прилика, Мијалковски објави негова стара слика со мајка му и со татко и напиша: „Татко ми е познат музичар. Пораснав опкружен со многу инструменти. Дури и машината за шиење беше Сингерица“.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....