2.8 C
Скопје
04:33 - 10 април, 2026

(Фото) Дали ќе го препознаете? Ќерката на Ален Делон сподели како изгледа денес

Ќерката на легендата на француската кинематографија Ален Делон, Анушка Делон, покажа фотографија од нејзиниот татко. Таа ги смири обожавателите и рече дека во моментов татко ѝ се чувствува добро.

На својата страница на Инстаграм, Анушка објави фотографија од 88-годишниот Делон, која ја направила пред неколку дена. Ќерката на славната личност сподели дека таа и нејзиниот татко имале можност да поминуваат време заедно за време на појадокот.

„Во петокот наутро го фотографирав татко ми. За мое сеќавање. Откако појадував со него, почувствував неопислива благодарност. Мислам дека е убав на оваа фотографија. Му ја покажав оваа фотографија, тој се согласи дека е одлична , па го прашав дали можам да ја споделам со вас, со неговата публика која се грижи за него, така што, со негова согласност, еве ја фотографија“, напиша ќерката на Ален Делон.

инстграм

Покрај тоа, Ален зборуваше за неговата благосостојба. Актерот посочи дека во моментов не се жали на никакви здравствени проблеми. Тој ги повика обожавателите „да не се грижат“.

Инаку, Ален Делон беше прогласен за ненадлежен да управува со својот имот. Ваква одлука донесе францускиот суд. Ѕвездата беше ставена на посебни мерки поради расправии со неговите деца. Затоа, 88-годишниот актер не може сам да управува со својот недвижен имот.

 

Слични објави

Сузана Манчиќ живее во куќа без струја: „Палам свеќи и го ложам шпоретот“

Еспресо

(Фото) Вистинска семејна идила – Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ имаа посебен ден со ќерките

Еспресо

(Фото) Мора да ги видите фотографиите на Цеца Ражнатовиќ во бикини на Кипар!

Еспресо

(Фото) Лидија Вукичевиќ денес слави – му се обрати на својот син со емотивни зборови: „Љубов моја…“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се причестила на Велики четврток, а се расплакала поради сцената што ја доживеала на пазар

Еспресо

Аца Лукаc откри детали од скандалот во Гетеборг: „Бевме измамени и лажно претставени“

Еспресо
Се вчитува....