26.8 C
Скопје
16:02 - 8 октомври, 2026

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ привлече внимание со необична објава: „Љубовта за која си мислел дека е искрена ќе те напушти“

Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ повторно го привлече вниманието на своите следбеници со објава на Инстаграм, во која сподели духовна порака за минливоста, животните искушенија и човечките заблуди.

Анастасија, која по бракот со фудбалерот Немања Гудељ го носи презимето Гудељ, често на социјалните мрежи споделува моменти од приватниот живот, но и мисли и цитати што ѝ оставаат впечаток.

Нејзината последна објава привлече особено внимание. Пејачката сподели цитат од јеремонахот Василиј Росљаков, објавен на страницата „Срце на верата“, додека во заднина се слушала православна духовна музика.

Во пораката се зборува за тоа дека животот е непредвидлив и дека луѓето и околностите во кои сме верувале можат да се променат.

„Бог вели: „Кого и да засакаш повеќе од Мене, ќе ти го одземам…“ И повторно: „Не вели: Нема да можам да преживеам без него – ќе направам да преживееш.“

Годишните времиња ќе се менуваат, гранките на дрвјата што некогаш ти давале сенка ќе се исушат, трпението ќе исчезне, љубовта за која мислеше дека е искрена ќе те напушти и ќе бидеш збунет.

Твојот пријател ќе се претвори во непријател, а твојот непријател одеднаш ќе стане пријател – таков е овој чуден свет.

Сè што си мислел дека е невозможно ќе се случи…

„Нема да паднам“, велиш – и ќе паднеш.

„Нема да погрешам“ – и ќе погрешиш.

А најчудната работа на овој свет е: „Ова е крајот“, ќе кажеш – а сепак ќе продолжиш да живееш.“

Цитатот е потпишан од јеремонахот Василиј Росљаков.

Објавата веднаш привлече внимание, особено поради емотивната порака за љубовта која може да исчезне, промените во односите меѓу луѓето и неизбежните животни искушенија.

Објавата доаѓа само неколку месеци откако Анастасија го доби своето прво дете со Немања Гудељ.

Пејачката се породи на 15 јули во приватна болница во Севилја, а целото семејство Гудељ било покрај неа во болницата.

Породувањето поминало во најдобар ред, а момчето се родило со тежина од 3.600 грама.

Анастасија и Немања за својот син го избрале името Илијан, кое значи „оној што му припаѓа на Бог“. Името не е особено често на овие простори, но носи силна симболика и богата традиција.

Пејачката неодамна на социјалните мрежи споделуваше и фотографии и моменти поврзани со синот, кој е центарот на вниманието на семејството откако се роди.

Слични објави

(Фото) Жешко издание во долна облека – поранешната Мис Хрватска, Лаура Гњатовиќ, позираше за „Викторијас сикрет“

Еспресо

Бојана Тевчева повторно застана пред ТВ-камерите

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ објави селфи со Ејсап Роки: Ријана, јас го сфатив пред тебе

Еспресо

(Видео) Синот на Бени Шаќири има само 12 години, а веќе самоуверено владее со гитарата на сцената

Еспресо

Им забранувала и ги условувала соработниците? Откриено сè за тајната листа на Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Сестрата на Јелена Спенџарска покажа како го поминала летото со четирите деца: „Бевме презафатени живеејќи го“

К.С.
Се вчитува....