15:07 - 8 април, 2026

(Фото) Ана Севиќ и сопругот приредија свечена прослава: „Ги броиме благословите“

Пејачката и водителка на „Ѕвездите на Гранд“, Ана Севиќ, заедно со својот сопруг Даниел Неделјковиќ, организираше свечена прослава по повод петтиот роденден на нивната ќерка Сена. Целата забава беше во духот на омилениот цртан лик Стич, а според објавите на Ана на социјалните мрежи, атмосферата била весела и исполнета со радост.

Малата славеничка била во центарот на вниманието, додека гордата мајка воопшто не ја криела својата среќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA SEVIC (@anasevicofficial)

„Пет години чиста љубов, смеа и чуда. Нашата Сена наполни пет години, а ние ги броиме благословите“, напиша Ана покрај низа семејни фотографии и видеа.
„Ти благодариме што ни го обоји светот со најубавите бои. Среќен роденден, наша најголема љубов“, додаде таа.

Да потсетиме, Ана Севиќ со Даниел Неделјковиќ го има и синот Симеон, додека од претходниот брак со пејачот Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена.

Слични објави

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо
Се вчитува....