3.8 C
Скопје
01:16 - 14 март, 2026

(Фото) Ана Бекута со моќна порака за Северина и борбата за синот: „На луѓето отсекогаш им пречеле убави, паметни и силни жени…“

Бројни познати жени од Србија ја поддржаа хрватската ѕвезда Северина Вучковиќ, откако ѝ беше одземено старателството над синот Александар.

Таткото на момчето, Милан Поповиќ сега има целосно старателство, а пејачката, како што откри, ќе може да се гледа со детето во вторник и четврток од 16 до 20 часот и секој втор викенд (сабота и недела).

Пејачката на народна музиката, Ана Бекута, им се придружи на жените кои застанаа покрај Северина и објави моќна порака на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

– Ќе се најде ли некој кој конечно ќе стави крај на оваа агонија на една мајка? Дали тие што одлучуваат за судбината на нејзиното дете имаат свои деца? Ако немаат дете, имаат ли барем своја мајка? Ако немаат дете ниту ја познаваат мајка си, дали имаат зрнце совест? Како е можно во Европската унија здрава и вистинска мајка да биде лишена од дете кое сака да живее со неа? Ако ова и се случува на Северина, што и се случува на некоја непозната, кутра жена која нема стан, нема адвокат и нема средства да се бори за своето дете? Јасно ми е дека Северина може некому да пречи – на луѓето отсекогаш им пречеле убави, паметни и силни жени. Ама не ми е јасно, со години не разбирам како тие што одлучуваат за судбината на тоа момче не размислуваат за него? – напиша таа во објавата на Бекут, а потоа директно и се обрати на Северина:

– Немаш друг избор освен да истраеш и да се бориш. Нема и нема друг начин освен да стискаш заби како изминативе 11 години и да се бориш за својот син. И тој и ние знаеме колку го сакаш. Држи се. Те сакаме – рече Бекута.

 

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....