5.8 C
Скопје
11:38 - 22 февруари, 2025

Еве зошто Хејли Бибер е најомразена ѕвезда на Интернет: „Наместо да се бави со здравјето на Џастин, се занимава со глупости“

Деновиве, манекенката Хејли Бибер, сопругата на пејачот Џастин Бибер, се најде на удар на критиките за драмата што настана откако, според фановите, таа, Кендал и Кајли Џенер ја исмејуваа Селена Гомез во нивните видеа на ТикТок и на „стори“ на Инстаграм.

Се започна во средината на јануари кога папараците ја уловија Селена на плажа и јавно објавија фотографии од нејзината „несовршена“ фигура.

Хејли, Кендал и Џастин Скај потоа објавија заедничко видео на TikTok во кое се синхронизираа со аудио кое гласеше: „Не велам дека таа го заслужи тоа, но Божјиот тајминг е секогаш во право“. Многу фанови беа убедени дека видеото е за Селена и ја нарекоа Хејли „љубоморна кучка“, на што таа го избриша видеото и рече дека немала намера да ја навредува Селена и дека го користела аудиото бидејќи е во тренд.

Драмата продолжи во февруари кога Селена ја собори Кајли како најследена жена на Инстаграм. Во едно од нејзините видеа, Селена на следбениците им ги покажала претерано откинати веѓи, а веднаш потоа се случила „уште една случајност“.

Имено, Кајли на Инстаграм веднаш објави фотографија од зумирана веѓа со натпис „случајно ли беше тоа?“, а потоа објави и скриншот од разговорот на FaceTime со Хејли Бибер.

Кајли дури и се огласи на TikTok и под едно од видеата коментираше дека „нејзината објава во никој случај не беше за Селена“, но не успеа да ѝ поверуваат.

Милиони фанови и корисници на социјалните мрежи застанаа во одбрана на Селена и почнаа да ги повикуваат другите да ја следат на социјалните мрежи, а да ги отследат Хејли Бибер и Кајли. Бројот на нивните следбеници почна брзо да опаѓа, додека оние на Селена рапидно пораснаа. 

За оние кои не ги следат „трач“ информациите потсетуваме дека Селена беше поранешна девојка на сегашниот сопруг на Хејли, Џастин Бибер.

Така неодамна кога таа на Инстаграм објави пост со цел да му го честита роденденот на Џастин, повторно доби лавина негативни критики од стилот „Леле, заборавив да те одследам“.

Инаку Џастин Бибер неодамна ја откажа турнејата “Justice World Tour” поради наушено здравје.

Фановите пак, и покрај лошата вест, се уште не можат да веруваат како Хејли, наместо да се бави со здравјето на Џастин, се занимава со Селена Гомез.

Слични објави

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо

Ова се свекорот и свекрвата на Анастасија Ражнатовиќ: Таткото на Гудељ е моќно име во фудбалот!

Еспресо

Мајката на Дарко Лазиќ измамена! Се огласи жената на нејзиниот партнер Драган

Еспресо

(Фото) Николина Пишек направи драстична промена, луѓето не можат да престанат да зборуваат за тоа

Еспресо
Се вчитува....