12:59 - 10 април, 2026

Погледнете како изгледа скапоцениот стан на Николија во Атина, подарок од мајка ѝ Весна Змијанац

Популарната пејачка Николија Јовановиќ со своето семејство поголемиот дел од летото го поминува во Атина, каде од мајка ѝ фолк ѕвездата Весна Змијанац, доби луксузна недвижнина на море. Пејачката своевремено студираше во овој град, поради тоа е многу врзана за него, таму се чувствува како дома и има многу пријатели, пренесува српски „Курир“.

Пространиот стан со фантастичен поглед го одзема здивот. Со оглед на тоа што недвижнината се наоѓа на одлична локација, не чуди што таа и Реља со нивната ќерка таму поминуваат многу време.

Весна и Николија го опремиле домот со прекрасен стилски мебел, ентериерот е топол, а станот удобен. Во склоп на прекрасната градина имаат и базен. Со истенчен вкус за детали, во секој агол на домот се чувствува дека двете дами со уживање го осмислиле концептот на целиот простор.

Фото: Инстаграм/Николија
Фото: Инстаграм/Николија

Тешкиот живот на Весна Змијанац

Иако животот на пејачката Весна Змијанац со децении е под будното око на јавноста, малкумина ги знаат потресните детали од нејзината болна семејна приказна и тешкиот однос со покојната мајка. Зад блескавата кариера и големите хитови се крие судбина исполнета со тага и рани кои никогаш не зараснале целосно.

Кон крајот на есента 1966 година, мајка ѝ ѝ соопштила шокантна одлука, дека штом тргне во училиште, ќе мора да ја напушти и да замине на работа во Виена за да избега од сиромаштијата. Малата Весна тогаш останала без најголемата поддршка во најраното детство.

Нејзините родители веќе биле разведени, а татко ѝ Душан редовно испраќал пари за нејзино издржување. Сепак, парите не можеле да ја надоместат мајчината близина и топлина. По заминувањето на мајка ѝ, грижата за Весна ја презела нејзината баба во населбата Ковачи кај Краљево.

Овој настан оставил длабока трага кај пејачката:

— Она што сигурно го знам е дека јас тогаш во мојата претстава за неа ја изгубив мајката, а таа во мене ќерката. Сè она што подоцна се случуваше не можеше да ја спои таа пукнатина, колку и да се трудевме и јас и таа— изјавила Весна.

Слични објави

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin

Сите мислеа дека е бизнисмен полн со пари – откриено е со што се занимава момчето на Дара Бубамара

E.A.

„Не јаде, не пее, не честита“: Еве како изгледа празникот во домот на Ана Бекута без нејзиниот Мрка

E.A.

Дневен хороскоп за 10 април: Бидете трпеливи

apostolova

Сузана Манчиќ живее во куќа без струја: „Палам свеќи и го ложам шпоретот“

Еспресо

(Фото) Вистинска семејна идила – Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ имаа посебен ден со ќерките

Еспресо
Се вчитува....