12:28 - 4 август, 2026

(Фото) Елена Ристеска со емотивна честитка за 45. роденден на сестра ѝ Драгица: „Горда сум на тебе за сите животни победи“

Пејачката Елена Ристеска јавно ѝ го честиташе 45. роденден на својата сестра Драгица Ристеска, споделувајќи фотографии од нивното заедничко патување во Париз и емотивна порака посветена на една од најважните личности во нејзиниот живот.

Во објавата, Елена ја опиша Драгица како многу повеќе од сестра, истакнувајќи дека низ годините била нејзин најголем поддржувач, искрен критичар и личност на која секогаш можела да се потпре.

„Една е сестра! Ама ти си ми и брат, и другарка, и психолог, и критичар, и поддржувач… сѐ во едно“, напиша Ристеска, додавајќи дека е горда на сите успеси и животни предизвици што нејзината сестра успеала да ги надмине.

Фото: Инстаграм/Елена Ристеска

Покрај роденденските желби, пејачката нагласи дека Драгица е личност со големо срце и силен карактер, посакувајќи ѝ многу здравје, љубов и среќа во годините што следуваат.

Драгица Ристеска е позната во јавноста како ликовна уметница со повеќе самостојни и групни изложби во земјава и во странство.

Нејзината работа често ја следи и поддржува Елена, која редовно присуствува на нејзините изложби, додека Драгица е меѓу најверните посетители на концертите на својата сестра.

Слични објави

Јована Јеремиќ се мажи! Водителката и Тигар ќе се венчаат во манастирот Острог, а прослава на Свети Стефан

Еспресо

Дубровник ѝ годи: Сања Кужет е во врвна форма и по три породувања

Т.Ц.

„Прија нема притисок, а јас кога ќе закажам концерт – влегувам во војна“: Јелена Карлеуша за пеколот што го преживува на естрадата

Еспресо

По најавите за колективна тужба, Дино Мерлин се огласи: „Ќе останат овие…“

Еспресо

Хороскоп за 4 август: Раковите ќе се каат, Скорпиите ќе бидат исклучително привлечни

Еспресо

Неверојатната приказна за тоа како настанала песната од филмот „Кој тоа таму пее?“

Еспресо
Се вчитува....