15:34 - 14 септември, 2026

Македонец триумфираше во „Никогаш не е доцна“ — Виктор Димитриевски ја освои публиката и победничката титула

Македонскиот пејач Виктор Димитриевски е победник на годинашната сезона на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, откако освои најголем број СМС гласови од публиката.

По прогласувањето за победник, Димитриевски призна дека не верувал оти ќе стигне толку далеку во натпреварувањето.

„Не очекував дека ќе биде толку грандиозно. Искрено, не очекував ни дека ќе стигнам до финалето, со оглед на тоа што во полуфиналето бев на Фејсбук гласање со многу добри кандидати. Имав голема поддршка од мојата публика и многу им благодарам. Благодарам на Гранд продукција за сè, благодарам на Жика што ме избра кога ја правеше селекцијата. Најмногу ѝ благодарам на мојата фамилија, сопругата и мојот син“, изјави тој.

Пејачот откри дека токму ним им ја посветува големата победа.

„Победата ѝ ја посветувам на мојата фамилија затоа што цело време ми беше поддршка и беше со мене на сите снимања кога и да беше потребно.“

Иако на крајот го подигна победничкиот трофеј, патот до титулата не бил воопшто лесен. Според него, најтежок бил четвртиот круг од натпреварувањето.

„Четвртиот круг беше критичен, барем јас така го доживеав. Коментарите беа поделени и бев збунет. Тогаш сфатив колку лесно може да се испадне. Чувствував сè поголема одговорност кон сите што ме поддржуваа од самиот почеток“, истакна Димитриевски.

Тој откри и дека учеството во шоуто значително му го променило животот и дека веќе работи на нови музички проекти.

„Животот ми се промени од средината на серијалот, кога почна да станува поинтересно. Веќе подготвив една песна која ќе излезе во август.“

Посебна чест за него било тоа што победничкиот трофеј му го врачила Ана Бекута.

„Многу ми значи што токму таа ми го врачи трофејот. Сите овие години ги следам и „Никогаш не е доцна“ и „Ѕвездите на Гранд“, а таа генерално е и моја омилена пејачка“, рече победникот.

И покрај големиот успех, Димитриевски признава дека сè уште е под силни впечатоци.

„Сега сум под импресии, мора малку да ми се слегнат впечатоците“, порача новиот победник на „Никогаш не е доцна“.

Слични објави

Ана Бекута објасни зошто ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ по 12 години

Е.А.

(Фото) Брутално претепана инфлуенсерката и пријателка на Дарко Лазиќ! Ја нокаутирал, па ја влечел по подот

Еспресо

Доставувач го нашол паричникот на Сергеј Трифуновиќ, па направил нешто што го воодушевило актерот

Еспресо

(Фото) Северина на 55 години во минијатурно бикини ја покажа беспрекорната фигура: На плажа ги украде сите погледи

Еспресо

(Фото) Кој би рекол дека е во петтата деценија од животот? Катерина Шехтанска плени со младешкиот изглед и витката фигура

Еспресо

Тања Савиќ ја трогна јавноста со желбата повторно да стане мајка: „Би плачела од среќа ако забременам“.

Еспресо
Се вчитува....