17:28 - 6 април, 2026

Ела Дворник објави досега невидени фотографии со татко ѝ Дино и се пошегува: „Ги фотографирале љубовниците“

Иако е ќерка на еден од најголемите музичари на регионалната сцена, Ела Дворник успеа да изгради сопствен пат и никогаш да не остане во сенка на својот татко. Денес таа е една од најпопуларните инфлуенсерки во Хрватска, со повеќе од половина милион следбеници на Инстаграм, каде што деновиве се присети на својот татко, незаборавниот „крал на фанкoт“ – Дино Дворник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ella Dvornik-Pearce (@elladvornik)

„Ова е онаа класична приказна каде што никогаш нема фотографија со мајка и дете, па изгледа како сите татковци да биле самохрани“, напиша таа со доза хумор покрај досега необјавени фотографии со Дино, а во истиот тон додаде: „Ги сликале љубовниците“.

Објавата предизвика бројни реакции, а следбениците коментираа: „Прекрасни фотографии“, „Посебен, исто како Ела“, „Ненадоместлива загуба“, „Татко ти беше крал“.

Да потсетиме, Ела е единственото дете на Дино и Данијела Дворник. Родена е во декември 1990 година, една година по нивниот брак. Дино Дворник почина на 7 септември 2008 година, на само 44-годишна возраст.

Слични објави

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

(Фото) Свршеникот на Јована Јеремиќ отиде на Света Гора – Тигар го посети манастирот Хиландар

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin
Се вчитува....