Драгана Беквалац, сестрата на популарната поп-ѕвезда Наташа Беквалац, се соочува со тежок период по ненадејното губење на својот верен четириножен пријател, кучето Оди.
Драгана на социјалните мрежи сподели емотивна архива од миговите кога Оди и другото куче Артур безгрижно спиеле во нејзината прегратка во спалната соба.
View this post on Instagram
Претходно, тaa се прости од својот миленик со потресни зборови:
„Ти беше и ќе останеш посебен дел од мојот живот бидејќи си суштество за кое не може да се раскаже, весел мој, голем, добар Одишко… Душиче моја, патувај со ангелите бидејќи ти си еден од нив. Лаве мој, те сака бабица“, напиша таа, откривајќи дека сè се случило трагично брзо и ненадејно:
„Отиде за неколку минути, здрав како дрен… Како… Не знаеме… Ќе дознаеме“.
Инаку, Драгана е во хармоничен брак со сопругот Михајло повеќе од три децении, а неодамна преку хумористична објава на социјалните мрежи навести дека нивниот заеднички живот е вистинска животна борба која успешно трае веќе 32 сезони.
