2.8 C
Скопје
07:00 - 27 октомври, 2026

Драган Б.Костиќ му го сменил животот на Дарио, пејачот раскажа срцепарателна приказна

Легендарниот Драган.Б.Костиќ му го сменил животот на Дарио, а оваа приказна која малкумина ја знаат, пејачот и автор ја раскажа непосредно по смртта на неговиот пријател.

На 20 декември, по кусо боледување на 75-годишна возраст, почина Драган Б. Костиќ, истакнат македонски музички новинар, радиоводител и еден од најпрепознатливите гласови во историјата на Македонското радио.

Многумина на социјалните мрежи се простија од човекот кој беше музичка енциклопедија и едуцираше многу генерации во „Диско селектор“ и „Забарави ако можеш“. Дарио ја раскажа оваа искрана приказна на неговиот фејсбук-профил.

-Драгче мој.. ментор, идол, едукатор, советник, пријател, другар, па и повеќе од тоа, ние бевме фамилија. Да не беше Ти, немаше своевремено да се слушне за мојот прв бенд „Бон-Тон“, а благодарение на тоа и започна целата моја музичка приказна. ТИ БЛАГОДАРАМ. 🤍

Да не беше Ти, немаше денес да се сеќавам на буквално безброј минатите ноќи кај Тебе дома во преслушување на најновите плочи, гледањето и навивањето на Евровизии, бескрајните разговори и совети до раните утрински часови, редовното заедничко пешачење од диско до дома и најнајнајубавите вечери што ни ги подари во диско “Турист” кога мислевме дека сме на врвот на светот.
И знаеш што? Кога сега убаво ќе размислам, и навистина бевме, само што тогаш не сме го знаеле тоа. ТИ БЛАГОДАРАМ. И конечно, да не беше токму Ти, немаше да ја запознаам мојата Бојана и да ги имаме овие прекрасни заеднички 40 години.
ТИ БЛАГОДАРАМ. Затоа Драгче мој најдраг, нека Ти е вечна слава! ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА СЕ’! – напиша Дарио. Во една прилика, тој има кажано дека неговата соприга ја запознал на забава каде што музика пуштал Драган Б.Костиќ.
Фото / Фејсбук

🤍

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....