04:55 - 8 април, 2026

Џенифер Лопез открива што рекол Афлек во неговиот свадбен говор: „Работите не беа како што планиравме, но станаа подобри“

Џенифер Лопез сподели детали од венчавката со Бен Афлек и сподели нови фотографии. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Лопез откри дека Афлек во својот говор на венчавката користел зборови од филмот „Закон на ноќта“ (2016), кој тој режираше. „

„Ова е рајот. Точно тука. Сега сме во него“, рекол во говорот Афлек држејќи ја раката на Џенифер.

Според Џенифер Лопез, венчавката била совршена со исклучок на несреќата што се случила непосредно пред прославата, кога мајката на Бен Афлек била хоспитализирана по падот и поврдата на ногата.

Понатаму, таа признава дека имала трема и дека биле загрижени дека лошото време предвидено од метеопрогнозерите ќе им ја расипе свадбената церемонија.

колаж/инстаграм

„Работите не беа како што планиравме, но станаа многу подобри. Некои стари рани беа залечени тој ден, а товарот од минатото конечно ни падна од рамениците “, сподели пејачката.

Лопез истакна дека ноќта пред свадбата, таа и Афлек се смееле на фактот дека се венчале на „стари години“.

„Ова е совршено време за нас. Никогаш не сум се чувствувала поубаво, знаев дека конечно се „смиривме“. Се наоѓаме во тој спокоен период од животот. Со благодарност за сè, за искушенијата и за неволјите, таа ноќ беше навистина рај…“, објасни таа.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....