10.8 C
Скопје
09:54 - 3 март, 2026

Џејмс Корден со тешко срце заминува од популарното шоу: Сака да му се посвети на семејството

По осум години престанува да постои авторската емисија „The Late Late Show“ чиј водител е Џејмс Корден. Популарниот британски комичар, според странските медиуми, планира да се врати во Велика Британија и да ја врати наклонетоста на тамошната јавност.

Во четвртокот вечерта беше емитувана последната емисија која ги разнежни верните фанови на оваа емисија. Имено, водителот изведе балада на пијано со неколку референци за неговата емисија, а ова беше 1200-та епизода. Последни гости беа неговиот пријател, поп пејачот Хари Стајлс и комичарот Вил Ферел, а порака за поддршка имаше и од претседателот на Соединетите Американски Држави – Џо Бајден.

Неговиот настап беше поздравен со огромен аплауз од публиката се додека не ја напушти сцената на шоуто. Актерот изјавил дека решил да го напушти шоуто затоа што сакал да поминува повеќе време со семејството, а таква идеја му дошла кога разговарал со синот Макс.

Последниве месеци беше оптоварен и со негативни критики за неговото однесување зад камерите, најмногу поради ситуација во која се скарал со сопственикот на ресторан кој му забранил влез бидејќи бил груб со персоналот.

Експертите за односи со јавноста тврдат дека Корден би можел да направи трансфер со големи пари во ITV за да го замени колегата Џонатан Рос. Некои шпекулираат дека би можел да се појави во реално шоу или дека ќе води ново ток-шоу.

Слични објави

Ново огласување на Јелена Томашевиќ: Ја откри својата дијагноза и како се чувствува

Еспресо

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

Дневен хороскоп за 3 март: Не донесувајте избрзани одлуки

apostolova

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.

„За мене се ова е премногу емотивно“: Николина Коваќ излезе од породилиште со сопругот Сашо Капор 

E.A.

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо
Се вчитува....