18.8 C
Скопје
16:04 - 15 март, 2026

Џејми Оливер најдобро готви кога „размислува како жена“

Во интервју за Times, во кое ја промовираше својата нова книга „One“ со рецепти за јадења што се  подготвуваат во едно тенџере, Џејми Оливер откри дека кога готви настојува да размислува како жена.

Популарниот телевизиски готвач и сопственик на ресторани мисли дека кујните во кои доминираат мажи „не се добро место за работа“.

Жените готват по инстинкт, додека мажите се натпреваруваат во импровизација и ја насочуваат својата енергија кон усовршување на одредени методи или рецепти.

„Кога бев млад, го учев мојот занает и ја насочував целата енергија кон освојување Мишелин ѕвезди и разработување начини како да ја контролирам природата, наместо да реагирам според природата, и сметам дека тоа се повеќе женски собини, како грижа за исхраната и повеќе мајчински чувства… Секогаш кога добро готвам се трудам да размислувам како жена“, вели Џејми.

„Ако сакате да видите нешто лошо, одете во кујна полна со мажи. Тоа не е добро место за работа, потребни се и жени, важен е балансот“, нагласува познатиот готвач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver)

Слични објави

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.
Се вчитува....