6.8 C
Скопје
02:51 - 31 март, 2026

Детали за итната хоспитализација на Опра Винфри: „Земаше лек за слабеење…“

70-годишната американска ТВ водителка и медиумски магнат Опра Винфри е хоспитализирана поради стомачни проблеми. Ова се случило пет месеци откако таа признала дека земала лек за слабеење – Оземпик, пишува Deadline.

„Имаше нешто како вознемирен стомак, стомачен грип, со дијареа и повраќање. Нема да навлегувам во детали. Но секако дека заврши во болница, дехидрирана, ја ставија на интравенска терапија, зашто е многу сериозна работа“, изјави за новинарите 69-годишната пријателка на Винфри, Гејл Кинг.

На прашањето за моменталната здравствена состојба на Опра, Гејл одговори дека „ќе биде добро“.

„Се надевам дека таа не е лута на мене што го споделив тој детаљ (се мисли за конзумацијата на скапиот лек за слабеење Оземпик)“, додаде Гејл.

инстаграм

Опра требаше да се појави во утринската емисија на 11 јуни за да го претстави својот најнов избор на клубот за книги, но таа мораше да го откаже снимањето. Кинг пак, е ководителка на шоуто.

Иако Винфри не можеше лично да ја пренесе својата најнова препорака за книга, таа ја сподели на Инстаграм. За годишните одмори таа ја препорачува книгата „Familiaris“ на Дејвид Вроблевски.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....