09:08 - 3 април, 2026

Десингерица во долгови: Контроверзниот рапер морал да земе кредит – автомобилот од 650.000 евра го чинел и дополнителен кеш

Иако има бројни настапи и заработува повеќе од доволно за нормален живот, популарниот трапер Драгомир Деспиќ – Десингерица се најде до гуша во долгови, дознава српски „Курир“.

Според извор близок до него, музичарот се занел со трошењето и морал да подигне кредит за да си овозможи нови луксузни задоволства. Кредитот го обезбедил преку фирмата што ја има уште пред да стане јавна личност.

Главната причина за новиот финансиски товар е автомобилот со кој пред неколку дена првпат се појави на снимањето на „Ѕвездите на Пинк“. Станува збор за „Mercedes G63 Brabus Rocket 900“, чиишто цена достигнува астрономски 650.000 евра.

Овој модел важи за врв на луксузот и перформансите – со агресивен дизајн, екстремни детали и престижна изведба.

Во гласовна порака до пријател, Десингерица отворено признал колку го чини страста кон брзите коли.

„Брате, ги потрошив сите пари, па морав и кредит да подигнам за овој нов автомобил. Не сум нормален колку не знам со пари. Среќа, па можев да земам кредит, инаку оваа беба немаше да ја пропуштам. Секако, морав и кеш да дадам. Не може мојот кредит да ја покрие цената на ‘мерцедесот’, бајо! Не сум јас милионер“, рекол траперот.

Слични објави

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.
Се вчитува....