11.8 C
Скопје
11:15 - 28 октомври, 2026

Дара Бубамара се појави на настап со 20 години помладото момче

Српската поп-фолк ѕвезда Дара Бубамара повторно успеа да го привлече интересот на јавноста. Таа неодамна пристигна на својот настап во познатиот белградски ресторан, но не беше сама. Придружба ѝ правеше нејзиното момче, кое е дури 20 години помладо од неа, а парот не се одвојуваше ниту за миг.

Првите погледи беа упатени кон нивното пристигнување со луксузен автомобил, но вистинскиот бум настана кога пејачката излезе од возилото. Позната по својот провокативен и впечатлив стил, Дара и овојпат не разочара.

За оваа прилика таа избра црна модна комбинација, тесни панталони и тесен црн топ, кој имаше екстремно длабок израз, додека нејзиниот партнер, се одлучи за елегантна варијанта, појавувајќи се во оддело со бела кошула, постојано држејќи ја за рака својата избраничка додека се упатуваа кон влезот. 

Откако ја шокираше и воодушеви публиката со својот изглед, Дара Бубамара се качи на сцената и го започна својот настап, правејќи одлична атмосфера со нејзините најголеми хитови.

Инаку, како што пренесуваат медиумите, Дара е веќе некое време во среќна врска со младиот партнер, а сега има намера од него да направи и свој деловен соработник. Иако не планира да ја прекине соработката со својот долгогодишен менаџер, таа сака нејзиниот партнер, кој покажал голем интерес за естрадниот бизнис, полека да го воведе во работата и да го запознае со луѓето и организацијата на настапите.

Слични објави

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо
Се вчитува....