03:12 - 8 април, 2026

Данијела Димитровска во шок издание: „Некоj би рекол завеса, некој ноќница – ама јас одлепив“

Манекенката и водителка Данијела Димитровска, која важи за една од најелегантните дами на јавната сцена, повторно успеа да го сврти вниманието кон себе со необичен моден избор.

На својот инстаграм-профил таа објави видео во кое носи широка бела креација, дури два броја поголема од нејзината стандардна големина.

„Како ви се чини овој изглед? Некој би рекол дека ова е завеса, некој дека е ноќница… ама јас одлепив. Толку што зедов два броја поголема, бидејќи беше скоро распродадена. Така е, како е – кога нешто ми се допаѓа, не прашувам! Мислам дека баш е фора што е поголема… Што велите вие?“, напиша Даниела.


Иако повеќето жени тешко би се осмелиле да облечат вакво издание, Димитровска уште еднаш покажа дека со својот стил и харизма умее да изнесе сè – од гламурозна тоалета до креација која неодоливо потсетува на „завеса“.

Фановите на социјалните мрежи беа воодушевени од нејзината смелост и уникатен пристап кон модата, оставајќи бројни позитивни коментари.

Димитровска претходно откри и што се крие зад нејзиниот негуван изглед. Денот го започнува со вода и лимон и пробиотик, за доручек најчесто јаде палента со сирење и кисело млеко, за ручек претпочита тортиља со туна, зеленчук и сирење, а за вечера потаж од тиква и свежа салата со авокадо и сланина.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....